ДХЛ Македонија - Дерење до коска

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од Xelmep, 8 окт 2014.

  1. Xelmep

    Xelmep Нов член

    Член од:
    8 дек 2009
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    3
    Поени од трофеи:
    3
    Здраво до сите, Ме интересира дали некој знае каде би можеле да се пожалиме во врска со услугите кои ги дава ДХЛ во Македонија??

    Еве што ми се случи, пратка од земја во ЕУ, со вредност од околу 26 еур. Испратено од правно на физичко лице, при што по сите законски регулативи за роба до 45еур, испратени од правно на физичко лице треба да се плати замо ДДВ.
    Е сега кај мене ми доага фактура за наплата од 2.555 денари, за царински услуги, додека нивниот систем за Тракинг ми дава дека Завршена е царинската процедура во SKOPJE - MACEDONIA, REPUBLIC OF , на мојот маил кој го испратив до нив да ми објаснат зошто ми кажаа да докажам, за што им испратив фактура и доказ за уплата, и повторно ми доаѓа фактура од 2555 денар, а во пакетот има еден пар патики и 3 пара чорапи. Смешна работа. Има ли некој искуство, или знае некој каде можеме да се пожалиме или работава Е „КОМУ КЕ СЕ ЖАЛИШ ШТО ТАТКОТИ ТИ Е*АЛ МАЈКАТА„ ???
     
  2. Misko6000

    Misko6000 Искусен член

    Член од:
    31 дек 2008
    Мислења:
    1.664
    Допаѓања:
    1.264
    Поени од трофеи:
    178
    РОМ/Верзија:
    MIUI Weekly 6.9.15
    Сакаш да кажеш дека патиките и чорапите пратени со ДХЛ (мислам на цената на превозот) коштаат само 26 евра. Хе хе, па и царинициве не пијат нафта више (Од Врање да ги праќаа повеќе ќе кошташе само превозот). Што се однесува до наш ДХЛ има право да наплати изработка на царинска декларација (не знам колку им кошта) доколку правно лице ја испраќа робата, а мислам исто е и за праќање на роба од физичко лице.
     
  3. vonuzu

    vonuzu Модератор

    Член од:
    18 окт 2009
    Мислења:
    4.402
    Допаѓања:
    2.076
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xiaomi Redmi Note 3
    РОМ/Верзија:
    MIUI8 by xiaomi.eu
    И јас морав да докажувам дека пратката е 60$, и ми нашлатија само 400+200денари царина и ддв.

    Sent from my Note II using Tapatalk
     
  4. Atila

    Atila Член

    Член од:
    31 авг 2011
    Мислења:
    95
    Допаѓања:
    66
    Поени од трофеи:
    18
    И мене ми бараат 1500 денари за царински документи не знам што да правам , ми викаат нема царина само данок на 28 евра пратка ама за изготвување документи 1500 деари.ако има некој искуство нека пише

    Sent from my GT-I9300 using Xparent Cyan Tapatalk 2
     
  5. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.100
    Допаѓања:
    4.377
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    Android 7.1.2
    Не сум многу запознаен со ова, ама министерот Иво на една емисија кажа дека можело и сам да си вадиш документи мнооооооогу поефтино. Запознајте се повеќе со тоа за да не ве дерат ДХЛ и слични на него.
     
  6. Gajche

    Gajche GSM master

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    8.187
    Допаѓања:
    8.316
    Поени од трофеи:
    258
    И јас го слушав министерот на јади бурек збореше дека сами може да си напраиме/средиме импорт документи за шпедицуја за многу ефтино.
    Треба да се праша само како иде процедурата, кај се аплицира и колку кошта.

    Иначе го имам читано "сатаров" "дерењево" за DHL на повеќе форуми и избегавам DHL секогаш.

    Знам дека FEDEX shipping од некои сајтови стига до дома на рака без царини/даноци без разлика колку е скап/ефтин производот, јес да шипингот од федекс е скапичок али бар ти се платени царини и даноци во шипинг цената.

    Sent from my Xiaomi Redmi Note Pro using Tapatalk
     
  7. Misko6000

    Misko6000 Искусен член

    Член од:
    31 дек 2008
    Мислења:
    1.664
    Допаѓања:
    1.264
    Поени од трофеи:
    178
    РОМ/Верзија:
    MIUI Weekly 6.9.15
    Ова не е точно, така да беше сите исклучиво Fedex ќе го користеа за транспорт. Едноставно си има правила кои никој од куриериве не смее да го прекрши. Тебе ти се погодило да им прогледа некој цариник низ прсти. Не може ова да е правило, само исклучок.
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Eeee добро е што конечно ова се обзнанува! И јас мислев да посегнам некоја иницијатива по социјалните мрежи да ги направиме ЛОМ, зашто ова што го прават е ПЉАЧКА!

    Пред 2 недели ми стига маица и шал од омилениот англиски клуб, што си ги нарачав и коштаа некои таму не знам 23 фунти. Ми вика цела документација, да сум собирал не знам што и да ги носам у нивната канцеларија и плус 1500 денари за услугата, а плус царина и данок.

    Кога истата пратка ќе ти стигне со нормална пратка, нема никаков ваков глуп трошок за маица и шал. Еве ви ја целата моја преписка со нив, кој го интересира нека чита...





    A povelete preneseete i na vasite pretpostaveni deka slucajov e samo za na internet i socijalni mrezi, pa da se doznae kakva e praksata na DHL vo Makedonija, sto sakaat da ve globat i za moliv ako vi pristigne preku niv.


    Pozz




    Pochituvan,
    Vo red.
    Pratkata ke bide vratena nazad.
    Saska Andonovska
    DHL Express Macedonia
    ul. 32 br. 5, Nas. Ilinden
    1041 Skopje
    Macedonia
    Phone ++ 389 2 2 532978
    Fax ++ 389 2 2
    To: Saska Andonovska (DHL MK)
    Subject: RE: 3200449571
    Carinenje i spedicija za edna maica i shal?

    Haha, ok da ne bevte ozbilni ke mislev deka e skriena kamera.
    Slobodno vrakjate go nazad, neam namera da se zanimavam so nikakva postapka za edna maica i shal. I ke baram potvrda od tamu deka navistina e vratena i povrat na sredstvata!
    Pozdrav!

    Subject: 3200449571
    Date: Tue, 23 Sep 2014 09:58:21 +0000
    Pocituvani,
    Pristignata e pratka za Vas, za koja dokolku sakate da carini DHL, kje treba da gi
    dostavite dolunavedenite dokumenti:
    1. Polnomosno( attach) pecateno vo kirilicno pismo /potpisano vo tri originali i kopija od Vasata licna karta ili pasos
    1. Detalno objasnuvanje po mail ili na hartija na makedonski shto ima vo pratkata
    1. Dokaz za plakanjeto prema isprakjachot ( izvod od banka, plakjanje od paypall, western union I sl), a fakturata koja e potrebna za carinskata postapka treba da e so ista vrednost so taa kolku ste platile.
    1. Izjavata za vrednost vo prilog na porakata kje treba da bide popolneta I potpishana .
    1. Dokolku transportot vekje Vi e platen vo stranstvo, na fakturata treba da ima edna od slednite oznaki DAP, CIP, CPT, a dokolku ne se napisani na fakturata, kje treba da se dodade vrednosta na transportot po cenovnik I na vkupniot zbir od vrednosta na pratkata I transportot se presmetuvaat davachkite prema drzhavata.
    Usluga na DHL za carinenje e 1500.00 mkd vo koja spagja i dostava do Vasa adresa
    (dokolku imame agent vo vashiot grad), a dopolnitelno se presmetuvaat davackite kon drzavata.
    Otkako ke gi dobieme dokumentite vo orginal , ke vi pratime profaktura po e-mail kade ke bidat vkalkulirani troshocite za DHL uslugata ( 1500,00 mkd) + carinskite davachki kon drzavata. Stom kje uplatite, virmanot pratete ni go po mail.
    Dokumentite mozete da gi ostavite vo :Skopje na bul.Ilinden bb-karshi Vlada na RM-02 3112753,Ohrid-072204716,Bitola075316171 , Tetovo071275050,Prilep070308382,Gevgelija070218345,Kumanovo-075404 480,Veles071274414,Kavadarci071304500,Shtip-070264463,Kichevo-070223790,Strumica071 264 166, Gostivar 078 392327.
    Vreme na carinenenje e 2-3 rabotni denovi otkako kje bide platena profakturata.
    Ve molam I za informacija na koja adresa da vi ja dostavime pratkata dokolku istata se razlikuva od adresata na tovarniot list .
    ZABELESKA: Zakonski rok za cuvanje na neocarineta pratka, soglasno carinski zakon na R. M. e 15 dena, a po izminuvanje na ovoj rok, pratkata se vrakja nazad, se odstapuva vo korist na drzavata ili se unistuva .
     
    На Bumblebee и fenomenmk им се допаѓа ова.
  9. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.131
    Допаѓања:
    2.023
    Поени од трофеи:
    208
    ^^^

    Ова комедии бе :) Па да ти се смачи да го читаш меилот, не па да им ги исполниш барањата
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  10. .::SCORPION::.

    .::SCORPION::. Познат Член

    Член од:
    28 јул 2008
    Мислења:
    2.689
    Допаѓања:
    104
    Поени од трофеи:
    93
    ДХЛ од искуство се најсрање шипер кој постои кај нас. Единствено кај нив "услугата" за шпедиција кошта 1500 денари, некогаш и повеќе. Воопшто не се замараат за интернационални договори за шипинг пр DDP каде што сите трошоци паѓаат на товар на тој што ти ја праќа пратката, па така двапати си наплатуваат и од испраќачот и од примачот (од искуство ова). Останатите трошоци за лежарина, ддв царина итн се башка.
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: