Водич низ Струмичкиот дијалект

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од vonuzu, 30 апр 2015.

  1. vonuzu

    vonuzu Модератор

    Член од:
    18 окт 2009
    Мислења:
    4.402
    Допаѓања:
    2.076
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xiaomi Redmi Note 3
    РОМ/Верзија:
    MIUI8 by xiaomi.eu
    За сите кои имаат проблем со разбирање на Струмичкиот говор и дијалект, или ајде да почнеме на струмички:

    У струмичката укуљии има 70 села и у секоо село ќе нааш чишит зборове. Башка шо и низ самите села различно се гуворе. Шо би се кажало-едвај се разбират они самите едни меѓу други. Как и даа, дијалек’тте се бугатство на еден јазик.


    А – што?



    Аааа – навистина?



    А-аа – потврдно ДА



    Аајт – извик



    Ава – воздух



    Аз`р - готово,спремно



    Ајанасана – бре мајката!



    Ајг’р – нескопен коњ



    Ајљак – без обврски, задолженија



    Ајмана – слободен



    Ајнаџии – мрзливец,турцизам го употребуват бежанците, а се употребува за оние кои ништо не работат.



    Алајка – слугинка



    Ала франга – според француски образец



    Албабани – се употребува за изразување на некаков вид лакомост



    Алтобус – автобус



    Ам’лк – амалска работа



    Ам’салак -



    Ангаже – прошетка под рака



    Антарии – кошула



    Анџ’к – имено, штотуку



    Апсаздан – одненадеж



    Аргаванљии – виолетова боја



    Аресе – бендисува, допадливо



    Арл’к – отвор, дупка од механичко потекло



    Армас – веридба



    Асии – лош човек



    Ачик – отворен



    Ахт- душа, желба, мака



    Б’’- болва



    Б’рбат – извалкан



    Б’рсаци – фарбели(Битолско наречје),карнери



    Бабалар – нешто големо



    Баја – многу



    Балајдисн – замаен од убаво јадење



    Бајмак – смотан, наивен



    Бактиса – здодеа



    Балгам – шлајм



    Балтии – секира



    Балтон – зимски капут



    Басамак – скала



    Башак – кочан пченка



    Бежанци – лица од Егејска Македонија населени во Струмица после Балканските војни



    Бизељ – грашок



    Бијам – изглед



    Бичкии – рачна пила



    Бишка – свиња



    Бој – сукна



    Брунка – мозолче, кожен израсток



    Бубаќ – памук



    Будинка – работи нешто…



    Булмаџа – белузлави налепи на грлото кај доенчиња



    Бунела – вилушка



    Бурсук – јазовец



    Варка – брза



    Варканик – набрзина



    Виран – расипан



    Виранл’к – расипан човек, лош човек



    Вљечки – летни папучи



    Вонка – надвор



    Вр’тица – прозор



    Врзонка – врвца



    Г’рг’ленки – измет од овца



    Гуничка – брканица



    Гудишка – скокотлив/а/о



    Гурди – гурделки



    Д’лгн – папсан



    Д’нг’лак – висок и глупав човек



    Далдис’н – занесен,отсутен



    Даабетер – ептен лошо, заникаде



    Дибидус – ептен, со се



    Диско – послужавник



    Дотка, дода, доо (Снеже) – постара сестра



    Дуд’ље – мокар до гола кожа



    Душеме – дрвен под



    Ѓети – плетени чорапи



    Гибердисе- да цркне, но на француски е на бесилка



    Ѓиризо – празно тесно место меѓу две куќи кај што се слива вода од кровот



    Ѓољ – локва, бара



    Ѓурлутии – галама




    Евввааа – лелее



    Ејга – еве ја



    Енус – скоро, само што



    Жвака – мастика



    Сак,с – жвака, мастика



    З’нк – вид игра со карти



    Заваљ’н – запален оган или легнат во кревет



    Загуљ’н – смотан



    Закаре – го поведе со себе



    Замански/а/о – стари/а/о



    Зашупа – фрла



    Зерде – благ специјалитет од ориз кој се служи за Тримери



    Ѕ’нѕ’рљии – кајсија



    Ѕенѕ’ш – тапка во место ( игра )



    Ѕиври – долги гаќи



    Ѕифка – подбуцнува



    Иљинџе – си гледа сеир, мајтап



    Ишарет- знак со очи, вика



    Јагур’да – ситно грозје



    Јадранки – вид чевли,апостолки



    К`ч – фалба



    К’лчуне – плетени волнени чорапи



    К’вл’к – џезве



    К’рдисува – се залисува од смеење



    К’шта – куќа



    Каздиса- се налути



    Калимана – кума



    Калитата – кум



    Калкавура – нешто тешко и големо



    Калпазан – трапав човек



    Кација – лопатка за вадење пепел од огништето



    Кинисан- тргнал



    Клинче – стои во место



    Кљош- форма во вид на ѕвонче



    Кљунк – одводни цевки од печка на дрва.



    Кок’л – коска



    Колај – решение



    Колба – белезика, нараквица



    Крушница – измет од птици, во струмичкиот најчесто се мисли на измет од кокошка.



    Кувет – животна сила



    Кузум – мила



    Кукона – дотерана мома (лична како кукла)



    Кукуратка – кочан од пченка или семе од елка



    Кунисе – биди мирен, молчи



    Курбина – кора од лубеница



    Курдела – машна



    Курдисе – се наместува,се дотерува



    Л’стегарка – стап за тепање



    Лангиди – мекици



    Ликсур – стрвен



    Лунгур – клапчо, млитав



    Љељта- тетка



    Љимонт’б’тљии – лесно се лути, навредува



    М’ркуч – црево



    М’ска – грмотевици или многу јаде, пие



    Маљее – извик за негодување



    Маљемате – заткулисни игри



    Мајнаџии – ништо не му се допаѓа



    Манок – некој кој се прави фраер,паметен…



    Маџун – слатко од грозје



    Ментеше – шарка



    Минд’ље – бадеми



    Мискимбре – растение здравец (ставен во домашно приготвено слатко)



    Мискин- неугледен



    Мишка – пазув



    Мрфка – парче месо



    Мутл`к – сигурно,бездруго!



    Муу – мува



    Н’лне – дрвени кломпи



    Надваксе- постигне



    Накапуљник-досаден



    Напељесува- навредува



    Напкум – подоцна



    Нас’ј – навистина



    Наф’ка – ксмет, судбина




    О’лн – бре (турцизам)



    П’тп’дак – низок човек



    П’рваз – дел од прозорец



    Панаѕат – повторно назад



    Пандуфљи – папучи



    Патати – компири



    Пачавица – долен дел од ногавица



    Пејачка – помен на умрен



    Пелте – вид на слатко



    Перде – завеса



    Перчик – прамен коса



    Пиљаф- варен солен ориз



    Пиљувертиса- се смрзна, до разболување



    Питељка – петлица



    Пичетка – марамче



    Пишик- грешка



    Пишин- најпрво, прв



    Пишман-се покајал



    Постима – насока,патека



    Прегач – ткаена волнена престилка



    Прекард’ши – ја претера



    Пулвер – џемпер



    Пупи – колачи



    Пусвет,на- кога е ослабната во телото



    Р’м – вид игра со карти



    Р’пљ – навредлив збор за селанец



    Р’цели – вид на домашно приготвено слатко од тиква, грозје без семки, млад патлиџан



    Раздалии – кајсии



    Расотка – прошетка



    Рејс – автобус



    Риза – крпа



    Ронка -трошка



    Рошав – разбушавен



    С’ир – панаѓур;се сити на смешна ситуација (си гљеда с’ир)



    С’к’н – аман



    С’м’лк – штала



    Саалам – здраво, добро



    Салтанате – обичаи, навики



    Самси – ромбоидна форма, шара



    Секир’м – сум загрижен



    Си врева – си збори



    Сичко – се



    Сиџим – конец



    Скама – сапуница



    Склупутеса – се прејаде



    Скокаљеса- се смрзна од студ



    Скрна- нечистотија, на кожа посебно



    Спотн,на- испотена



    С,ска-турка со збор



    Стига – престани, застани, сопри



    Суљендаре – мразулци



    Суптисаа – растурија


    Такрафате – ситници



    Тин’кии – ламарина



    Тифирич – отворен ветровит простор



    Тортоп – ујде да дојде; нема више Пероо, го зеа ;)



    Точ’к – велосипед



    Туртулак – измет од говедо



    Тутурдисува-намерно, натерува



    Ќирљиво – гнасно, нечисто



    Ќирфии – клинец, шајка



    Ќитка -цвеќе



    Ќутук – сечено дрво што не се цепи



    Удунат – во другата соба



    Ујдисе – одговара или најди



    Ујун – форма, облик, начин



    Ујгун – точен, по мерка



    Укубет- невреме, дожд и ветер



    Ушаф – компот



    Уш- божем



    Ф’ртуна – летало, змеј



    Фанела – долна волнена маица



    Фасуљ – грав



    Фиљан`кишии – едикојси..?



    Фљонга – панделка



    Френки – домати



    Фрча – четка



    Фудаа – соба



    Фуркета – шнола



    Фуста- долна женска облека ( плетена од волна )



    Цреп – саксија



    Ч’кор – многу ладно



    Ч’крдек – семка, коска од слива,цреша,кајсија



    Ч’п’ратка – помала гранка во вид на буквата У и децата го користеле така што на разграноците врзувале ластик со кој мавале со камења најчесто по птиците.(prasta)



    Ч’рвиш/Червиш – сос остаток од јадење



    Ч’рпак – длабока лажица за ставање течно јадење



    Чааб’џак – слабо завршена работа



    Чикич – чекан



    Чина-стрина



    Чименто – бетонска подлога (двор, ходник…)



    Чинѓељ – закачалка, кука



    Чинува – дуполнителен глагол у струмичкио дијалект :) значењето моо работа



    Чипиш – низок човек,мало дете



    Чишит – необичен, несекојдневен, чуден



    Чомка – лимена чаша



    Чоп – пенис



    Чумулига – вид летало направено само од хартија.Исто се употребува како погрден збор за жена мераклика :)



    Чурб,лк-голем сад за супа



    Чушки – пиперки



    Џ’нгрлашка – тропалка



    Џаде – пат



    Џибиринки – чварки



    Џилетка – потенок џемпер на закопчување



    Џамадан- елек?



    Џиџитка – ептен ново, тазе



    Џ’рџанаци – тестиси



    Џуап – да се справиш со одредена ситуација



    Шамата – прави врева, гужва, збрка



    Шамандосан – изветреан



    Шарвета – марама



    Шартар – фиока



    Шашардисан-замаен



    Шеј – предмет



    Шмита – шета



    Шпирто – кибрит


    Sent from my G7 using Tapatalk
     
    На Andrej666, Dzepar, El_Makedonero и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Alexx

    Alexx GSM master

    Член од:
    23 јан 2013
    Мислења:
    2.274
    Допаѓања:
    2.803
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 6s
    РОМ/Верзија:
    iOS 11.1
    Додека Скопјанец изговори:
    - Каааајј си бе брааат?
    Просечен струмичанец ја рецитира цела библија.

    Имам слушнато дека најтешко се разбираат ромите од с. Баница. Пазете комбинација.


     
    Последна промена: 1 мај 2015
  3. Војвода

    Војвода Исфрустриран Неуспешен Тип

    Член од:
    11 авг 2012
    Мислења:
    1.154
    Допаѓања:
    1.518
    Поени од трофеи:
    178
    Телефон:
    Mi5
    РОМ/Верзија:
    MIUI 8 Global dev
    Повеќе ќе разберам Србин и Бугарин што го зборат добро нивниот јазик, отколку типов.
    Искрено, кога би можел би ги укинал сиве дијалекти и би го оставил само литературниот Македонски јазик. Пошто оној што го слушаме секојдневно на телевизија врска нема со јазиков на дечково. А и генерално многу покултурно и поубаво звучи литературниот Македонски јазик, и сметам дека сите треба да го прифатат, иако реално тоа е неизводливо. :)
     
  4. Gajche

    Gajche GSM master

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    8.187
    Допаѓања:
    8.316
    Поени од трофеи:
    258
    Секаде постојат дијалекти и никаде не се укинуваат пошто се стварно богатство на еден јазик.

    Еве пример у Америка
    луѓе од Луизиана неможат да се разберат со луѓе од Тексас.

    Исто у Бугарија ,
    Луѓево од Софија го сметаат за смешен и неразбирлив дијалектот од Варна.

    Sent from my TCL S720 using Tapatalk
     
    На vonuzu и DigitalDreamer им се допаѓа ова.
  5. DigitalDreamer

    DigitalDreamer GSM master

    Член од:
    20 фев 2009
    Мислења:
    2.877
    Допаѓања:
    2.430
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xperia X
    РОМ/Верзија:
    7.0
    ^ у струмичко од 72 населени места има 74 дијалекти. Пример 2 села шо се оделени само со 1 мост и река, не се разбират целосно меѓу себе.
     
  6. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    768
    Допаѓања:
    868
    Поени од трофеи:
    158
    Повеќе неможат да се разберат на пр. Њујорк со јужниот дел кај што живеат реднекс како што си ги нарекуваат по амерички селјаците, истото и кај нас се дешава. Мислев дека знаам англиски се додека не среднав американец од лузијана, е тоа ти е предизвик да успееш да ги разбереш, сите на југот тексас,арканзас,лузијана мемфис се ко компир да лапнале во уста па иди разбериги:)
    --- Споено дупло мислење, 1 мај 2015 ---
    Со струмичкиов,многу турцизми забележувам, инаку во глобала акцентот дупи кога човек пробува да разбере струмичанец,зборовите горе-доле по една буква различни се:)
     
    На Dzepar и vonuzu им се допаѓа ова.
  7. Gajche

    Gajche GSM master

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    8.187
    Допаѓања:
    8.316
    Поени од трофеи:
    258
    Луизијана имаат предели кај што имаат скроз различни зборови што немаат везе со Англиски јазик ,затоа ги спомнав аналогно на Струмичкиов дијалект ;)

    Sent from my TCL S720 using Tapatalk
     

Сподели преку: