Виц на денот

Дискусија во форумот 'Хумор и играчница' започната од ScArFaCe_K4, 25 фев 2008.

  1. ScArFaCe_K4

    ScArFaCe_K4 Нов член

    Член од:
    25 фев 2008
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    1
    Еве отворив тема виц на денот па ај да почнам ја :).

    Си биле двајца ретардирани и се наоѓаат на улица.
    Првиот: Се извинувам колку е саат?
    Вториот: (вади топломер) Четврток.
    Првиот: Фала не пушам.

    Си биле Мујо и Хасо и Мрле му рекол на Трле : Kај си бе Спасе? (Не го сватив и ја татко ми ми го кажа) :D
     
  2. Божино

    Божино Член

    Член од:
    25 фев 2008
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    8
    Како бе не го сфати, барем овај е едноставен :)
     
  3. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.536
    Допаѓања:
    1.776
    Поени од трофеи:
    358
    Оди дечко во аптека и му велит на аптекаров: Дај еден кондом одам вечер кај женскава на вечера... ќе паднит секс...
    по пет минути пак се враќат: абе дај уште еден имат уба сестра можит и таа да присакат...
    и пак се вратил: абе дај уште еден имат и уба мајка...
    вечерта ојт таму и седвит на маса... сите се молет и идет таткото на женска му... сите завршвет со молење ама овој продолжил
    женска му му велит: абе не знаев дека си толку религиозен.
    а овој: па и јас не знаев дека татко ти е аптекар.
     
  4. ViRuS

    ViRuS Активен Член

    Член од:
    1 јан 1970
    Мислења:
    725
    Допаѓања:
    39
    Поени од трофеи:
    28
    хахаха баш деновиде на некого го кажував вицов :)
     
  5. Vlady

    Vlady Joker

    Член од:
    2 мар 2008
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    5
    Поени од трофеи:
    18
    Го распнале Римјаните Исус. Околу него, на два метра растојание стоеле апостолите. Одеднаш, плукајќи крв, Исус рекол на еден од нив:

    "Доближи се, имам нешто да ти кажам."

    "Стој!" – извикал легионерот „Еден чекор и ти ја сечам раката!“ Апостолот си помислил: „Раката мила ми е, но Исус ме вика!" И поминал пола метар кога, оп! Легионерот му ја исекол раката.

    „Сега, ако се приближиш, ти ја сечам и другата!“ му срикал.

    „Но Исус вика!“ Апостолот помислил и поминал уште пола метар.

    Тогаш, легионерот му ја исекол и другата. Повторно му се заканил, но овојпат со ногата. Апостолот се приближил за уште пола метар, кога легионерот му ја исекол ногата. Решителен, апостолот влечејќи се полекa стигал до Исус, кога му ја исекле и другата нога. Полека влечејќи се, тој најпосле стигнал до Исус. И Исус му рекол:
    „Од тука ти се гледа куќата.“

    Минејки покрај малите лисичиња кои си играле,зајкото им рекол:
    -Мајката ќе ви ја ебам!
    Но мајката лисица го слушнала тоа и го подгонила зајкото.Тој бегајки уплашен се мушнал низ едно шупливо дрво,а по него и лисицата.Излегол од другата страна и кога гледа зад него, лисицата се заглавила во шуплината.Отишол зајкото зад лисицата, почнал да ги трие рацете и рекол:
    -Не би јас,но пошто им ветив на децата
     
    На zelenko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ViRuS

    ViRuS Активен Член

    Член од:
    1 јан 1970
    Мислења:
    725
    Допаѓања:
    39
    Поени од трофеи:
    28
    [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Ги прашала наставничката учениците од каде доаѓа електричната енергија. Прв се јавил малиот Трпе:
    - Од зоолошка градина, наставничке!
    - Седи, Трпе, и не тропај глупости, од каде сега ти текна тоа?
    - Наставничке, секогаш кога ќе снема струја, татко ми излегува на балкон и вика:
    "Ова мајмуниве пак ја скратија струјата".
    [/FONT]
     
  7. Vlady

    Vlady Joker

    Член од:
    2 мар 2008
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    5
    Поени од трофеи:
    18
    Сладоледџија!

    Биле на крстарење Американец, Русин и Македонец. Но, бродот го зафатила бура и почнал да тоне, а тројцата испливале до некој остров. Ама, за беља, островот бил на Амазонки кои ги заробиле. Прекрасната Амазонка веднаш почнала да им ја образложува ситуацијата:
    - На нашиот остров смеат да живеат само жени. Според тоа, можете да одберете: дали сакате веднаш да ве убиеме или да ви го отсечеме?
    Тројцата се погледнале. Пенис е пенис, но живот е живот, па сложно викнале "Сечете!".
    И така, Амазонката прво го однела Американецот во шаторот за "егзекуција". Се чул страшен крик. Потоа, во шаторот го однеле и Русинот, кој се дерел 15 минути. И така, Амазонката дошла до Македонецот кој ја прашал:
    - Чекај малку, објасни ми зошто Американецот беше веднаш готов, а Русинот толку долго рикаше?
    - "Знаеш, ние го сечеме според професијата. Американецот бил месар, па му го отсековме со сатар, а Русинот бил дрвосечач па употребувавме пила".
    Македонецот на ова воодушевено почнал да се смее:
    - Епа мила моја, значи мене ќе ми го лижеш додека не се растопи.
     
  8. Vlady

    Vlady Joker

    Член од:
    2 мар 2008
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    5
    Поени од трофеи:
    18
    Маж и жена!

    Пред многу години, Господ ги создал мажот и жената. Застанал пред мажот и му рекол:
    - Кул, ти испадна одлично.
    А потоа, ја погледнал жената и рекол:
    - E јеби га, ти ќе мораш да се шминкаш.
     
    На Bobi25 и Alumen :) им се допаѓа ова.
  9. Vlady

    Vlady Joker

    Член од:
    2 мар 2008
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    5
    Поени од трофеи:
    18
    Зајак и пиле!

    Зајакот и пилето пушеле марихуана. Зајакот му смотал џоинт на пилето и го прашал:

    - Чувствуваш ли нешто?
    - Ништо - одговара пилето.

    Смотал зајакот огромен џоинт, му го дал и го прашува:

    - А сега, чувствуваш ли нешто?
    - Пак ништо, ни клунот, ни крилата, ни нозете...
     
  10. Vlady

    Vlady Joker

    Член од:
    2 мар 2008
    Мислења:
    179
    Допаѓања:
    5
    Поени од трофеи:
    18
    Марфиеви Закони!

    Ако може да се скрши, ќе се скрши, ама кога ќе му истече гаранцијата.

    Што повеќе слободни и квалификувани кандидати, толку е поголема веројатноста дека ќе биде одбран кандидат чија што единствена квалификација е безопасната некомпетентност.

    Не можете да добиете интелегенција, ама можете да добиете диплома.

    Корисниот дел од било кој состанок е обратнопропорционален од неговата посетеност.

    Другата сообраќајна лента од улицата е секогаш побрза.

    Невозможно е да направиш нешто што ќе биде отпорно на будали, бидејќи будалите се многу инвентивни и ќе му го најдат крајот.

    Искуството е пропорционално зависно со уништената опрема.

    Никогаш не снемува ситуации од кои може да ви тргне на лошо.

    Доколку ги изгубите нервите во присуство на новинар, тој или ќе се збогати или ќе стане славен.

    Најлоша одлука е да одлучиш да купиш нешто додека продавачот ти зборува.

    Оној момент кога ќе потпишете договор со клиент е момент кога почнувате да губите.

    Човек кој се смее кога се ќе тргне наопаку, нашол некој кого ќе го обвини за тоа.

    Кога нешто ќе се зезне, се што ќе направите за да го подобрите ќе го дорасипе.
     
    На NikolANdruid му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: