ИНФО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !

Дискусија во форумот 'Mi (Xiaomi)' започната од the_maker, 2 окт 2018.

  1. the_maker

    the_maker Mi Модератор

    Член од:
    9 сеп 2014
    Мислења:
    3.071
    Допаѓања:
    5.447
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Mi 6
    ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за инсталирање на MIUI 10 ОС на телефони кои се за Кинески пазар!

    Почитувани Mi Фанови,
    Ви проследуваме многу ВАЖНО известување пред да инсталирате или купите Mi (Xiaomi) телефон кој е за Кинескиот пазар, вон Кина.

    1. Mi телефоните произведени за Кинескиот пазар (Chinese version) НЕМА ДА МОЖАТ да користат MIUI Global ROM верзија.
    2. Mi телефоните произведени за Глобалниот пазар (Global version) нема да можат да користат MIUI China ROM верзија.

    Ви препорачуваме да купувате Mi телефони исклучиво преку Авторизирани продавачи и да ја проверите информацијата и на кутијата и на самиот телефон во About пред да го апдејтирате телефонот, дали рачно или преку OTA. Има големи шанси тие телефони кои не се во согласност со политиката на Mi да останат трајно заклучени, без можност за де-блокирање.

    [​IMG]

    Листа на телефони кои се во групата за регионално заклучување:
    • Xiaomi Mi 6X (“wayne”)
    • Xiaomi Mi 8 (“dipper”)
    • Xiaomi Mi 8 EE (“ursa”)
    • Xiaomi Mi 8 SE (“sirius”)
    • Xiaomi Mi 8 Lite (“platina”)
    • Xiaomi Mi 8 Pro (“equuleus”)
    • Xiaomi Mi Max 3 (“nitrogen”)
    • Xiaomi Mi Mix 2S (“polaris”)
    • Xiaomi Mi Pad 4/Mi Pad 4 Plus (“clover”)
    • Xiaomi Poco F1/Pocophone F1 (“beryllium”)
    • Xiaomi Redmi Note 5A (“ugg”)
    • Xiaomi Redmi Y1 Lite (“ugglite”)
    • Xiaomi Redmi Y2/Redmi S2 (“ysl”)
    • Xiaomi Redmi 5 (“rosy”)
    • Xiaomi Redmi 5A (“riva”)
    • Xiaomi Redmi 6 (“cereus”)
    • Xiaomi Redmi 6A (“cactus”)
    • Xiaomi Redmi 6 Pro (“sakura” and “sakura_india”)
    • Xiaomi Redmi Note 5/Redmi 5 Plus (“vince”)
    • Xiaomi Redmi Note 5 Pro/Redmi Note 5 AI (“whyred”)
    • Xiaomi Redmi Note 6 Pro (“tulip”)
    Втората новина е АВТОРИЗИРАНО користење на EDL Mode (со MiFlash програмот) за преинсталирање на MIUI ОС на телефонот, со која ќе се забрани на трети препродавачи да инсталираат неовластен софтвер, или пак неавторизирано пристапување на туѓ телефон со помош на оваа алатка. Тоа значи дека само Авторизирани Сервис Центри ќе можат да ги преисталираат телефоните (сем ако ви е отклучен BL - Bootloader-от).

    [​IMG]

    Во напорите да се справи со НЕОВЛАСТЕНИ продавачи и дилери, Mi го промени времето за чекање за одобрување за отклучување на BL, се со цел да се намали неовластената трговија, на 30-60 дена. Ова не важи за Pocophone F1 за кого е од 3-5 дена време на чекање за добивање дозвола за отклучување на BL.

    НЕОВЛАСТЕНО ПРЕИНСТАЛИРАЊЕ НА MI УРЕД МОЖЕ ДА ГО БРИКУВА ВАШИОТ ТЕЛЕФОН !

    КУПУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОН ПРЕКУ НЕОВЛАСТЕНИ ПРОДАВАЧИ, ИЛИ ЗА ПОГРЕШЕН ПАЗАР МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО ПОНАТАМОШНО БЛОКИРАЊЕ ОД СТРАНА НА MI !

    MIUI Македонија

    П.С. Линкови за подетално техничко обајснување:
    1. http://en.miui.com/thread-3831680-1-1.html
    2. Xiaomi's Anti-Rollback Explained: How to avoid bricking your phone
    3. PSA: Flashing MIUI Global on these Xiaomi devices may brick your device
     
    На goran, Dzepar, Bumblebee и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. alfabeta

    alfabeta Активен Член

    Член од:
    17 мај 2012
    Мислења:
    140
    Допаѓања:
    85
    Поени од трофеи:
    28
    Телефон:
    Кинески
    А ако веќе имаме купено, како би можеле да се заштитеме да не ни се блокира?
     

Сподели преку: