Бодибилдерски суплементи

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од Noc 32, 23 ное 2010.

  1. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Дали има некој искуство да ми каже нешто повеќе од прва рака или па од искуство на некој близок? Не ми требаат информациите за лично конзумирање, туку за училишен проект. Е сега, не сакам информации од рекламите за тие суплементи или од бодибилдери кои ги рекламираат туку нешто од некој кој е сигурен во тоа што ќе ми го каже.
    Дали некој знае нешто повеќе што точно прават амино – киселините и протеините кои можат да се купат од продавниците како VingFitness, Get Ready и слично?
     
  2. StalkeR

    StalkeR GSM Team

    Член од:
    10 апр 2010
    Мислења:
    3.489
    Допаѓања:
    1.739
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Redmi Note3 Pro 3/32
    РОМ/Верзија:
    MIUI 8.3 weekly
    Не конзумирам такви работи,и не сум многу запознаен али мислам дека ова ке ти заврши работа колку толку...
    Код:
    http://www.gladijatori.com/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D1%82/%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8_a4.html
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Јован

    Јован Познат Член

    Член од:
    2 апр 2008
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    169
    Поени од трофеи:
    93
    Па оди во теретана и прашај.
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. supermen

    supermen Познат Член

    Член од:
    24 мар 2008
    Мислења:
    1.114
    Допаѓања:
    517
    Поени од трофеи:
    113
    Еве јас како стручно лице- доктор, најлаички ќе ти објаснам.
    Нема некоја голема филозофија во бодибилдерските суплементи, едноставно тоа се хемиски издвоени есенцијални продукти за телото.
    Пример: Ако на човек, дневно му се потребни од 50-70 грам/протеини дневно, во тие бодибилдерски компоненти има 85 грам/протеини на 100 грама прашок, останатото е све јаглехидрати, по некој ензим и многу малку, скоро ич масти.
    Е сега, ако ти јадеш парче месо, пилешко еве да речеме, во него, во 1кг има околу 160 грама протеини. Ама рачунај, тоа е ЕДНО КИЛО :!!!:!
    За да билдерите, ги внесат потребните грам/протеини, го прескокаат останатиот дел од пилешкото месо и го внесуваат само протеинскиот дел од него преку прашаците што ги купуваат. Значи просто речено 1кг пилешко=200грама прашок= 160 грама/протеини.
    И тоа е тоа. Хемиски извадени делови, протеини, од храна.
    Има уште нешто, што за да телото расте, треба да внесуваш повеќе од она што трошиш, бидејќи на билдерите тоа им е работа, внесуваат многу повеќе од обичниот човек, бидејќи ем повеќе трошат енергија ем повеќе им треба за да закрепне телото... итн итн...

    Ако конкретно те интересира нешто слободно прашај.
    Поз
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Фала ти многу, дел од ова го знаев :)
    Како и да е, слушнав нешто, еве што:
    Амино киселините топат дел од масното ткиво, она што се таложело од јаглехидратите и мастите додека протеините даваат мускулна маса. Сега знам дека амино киселините се нешто како градбена единка на протеини...
    Конкретно ме интересира дали ова што го кажав е вистина? Дали има нешто точно во тоа? Што е примарната функција на протеинот, а што на амино киселината? Нели тие се внесуваат како прашок, како течност или пак преку капсули. Што им е примарната функција? На што најмногу ќе удрат тие два суплемента?
     
  6. kiretocin

    kiretocin Активен Член

    Член од:
    1 окт 2010
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    33
    Поени од трофеи:
    28
    prijatele jas vezbam 11 god. redovno, imam probano se i sesto od tie dodatoci. Pred se treba da znaes deka tie se dodatoci vo ishranata, a ne magicni napitoci kako sto nekoi luge mislat. tocno deka proteinite se izgradeni od amino kiselini, pogresno deka amino kiselinite topat masti: nekoi amino kiselini (najefektivna l-karnitin) pomagaat vo procesot na sogoruvanje na masti kako katalizatori! konkretno kazi mi kolku vreme vezbas i sto sakas da postignes mozam da ti preporacam sto da zemes.
     
  7. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Не не, не сакам ништо да земам, јас иам 15 години но сепак одам во теретана. Ова ми е за школски проект. Знам дека се додатоци во исхрана и дека не се ништо како оние магични апчиња што ги рекламираат Американците ( дадов само пример со она апчињата за слабеење :D )
    Но сепак по ПП да те прашам нешто ако може :)
     
  8. supermen

    supermen Познат Член

    Член од:
    24 мар 2008
    Мислења:
    1.114
    Допаѓања:
    517
    Поени од трофеи:
    113
    Значи, аминокиселините се градбени елементи на протеините. Значи како што молекула е составена од протони, електрони и неутрони, така протеинот е составен од аминокиселини. Протеинот е сложена структура која може да биде составена од повеќе видови на аминокиселини.
    Примарната функција на протеините, што значи и аминокиселините, е да градат маса, не да топат масти. Тие се единствено градивно ткиво на организмот.
    Јаглехидратите и мастите се енергетски продукти и тие не служат за градење на маса.
    Е сега, протеините имаат функција да даваат енергија на организмот само тогаш кога веќе се истоштени другите енергетски продукти од телото, т.е. кога телото гладува.
    Мастите се извор на енергија, меѓутоа бидејќи начин на претворба од маст во јаглехидрат е ептен сложен процес, не се искористуваат одма, него се таложат во телото во случај да снема јаглехидрати.
    Значи енергетските продукти кај телото идат по овој редослед јаглехидрати > масти > протеини

    Значи билдерите, зимаат само јаглехидрати за енергија и протеини, т.е. аминокиселини за да растат, т.е. да ствараат мускули.
    Ако гладуваат, пошто немаат масти, мускулите ОДМА им се смалуваат бидејќи тогаш телото е во алармантна состојба и ги користи протеините за да ги претвори во јаглехидрати за да ги користи како енергија.

    Поз
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.512
    Допаѓања:
    1.774
    Поени од трофеи:
    358
    Од лично искуство ќе ти кажам некои работи.

    Пиев амино киселини, и после вежбањето се осеќам повторно полн со сила, не бев воопшто уморен (за разлика од периоди кога не ги пијам). Дека топат масти... нема врска. Ако не пазиш на исхрана џабе што сакаш купи, ништо нема да ти помогне. Т.е. можеби топат, ама не како што го зборат тие што не пробале. Едноставно ќе имаш повеќе сила да речеме да трчаш и да вежбаш и аналогно на тоа повеќе ќе ослабеш. Јас ослабев 6-7 кила за 1 месец, ама вежбав буквално секој ден. Да не се излажеш само дека магично без вежбање ќе те стопат:)

    Пиев и чист протеин, демек да качам чист мускул... али од аминото бев позадоволен и пак планирам да почнам со амино.

    Ме води паметот да земам Леутор, тоа е исто амино киселини со плус стимуланс за да имаш повеќе сила, плус помали се таблетите:)

    Аминото што ги пиев беа таблети, ама амоксиклав (што сите ги викаат коњски таблети) беа смешно мали во споредба со апчињава што ги пиев:) Има и во течност има и во прашак, меѓутоа факт е дека апчињата имаат најдобар резултат и дејстуваат на подолги патеки, додека течните/прашакот дејстуваат моментално...
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Да, за ова зборев кога реков протеините се изградени од амино киселини :) но сепак фала што ми објасни толку делатлно, сликовито, од стурчна перспектива

    Нешто ми кажуваше, онака како некој глас во главата :p , дека ти ќе пишеш во темава :D Имаше некои нус појави од амино киселините?
    Колку години имаше кога ги земаше? Само амино земаше? Какви резултати доби, мислам освен енергија после тренинг? Колку време ги пиеше, месец дена? Како на интервју да си, те утепав со прашања :D
     

Сподели преку: