Блекбери изгуби уште 4.4 милијарди долари

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од krale, 22 дек 2013.

  1. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Во последниот квартал Блекбери изгуби уште 4.4 милијарди долари, со што 2013та стана најмизерната година за Канадскиот производител на паметни телефони, кој некогаш беше симбол на бизнис статус.

    Само во последниот квартал продажбата опадна за 56%.

    Сепак, од канадскиот производител ги откажаа плановите за продажба на компанијата и се надеваат дека ќе успеат да направат пресврт, фокусирајќи се на бизнис заедницата, поточно на prosumers (професионални корисници на паметни телефони). За оваа цел ги намалија плановите од 6 различни уреди на 4, и склучија стратешки договор со Foxconn за производство.
     
    На Gajche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.050
    Допаѓања:
    4.316
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    OP5, Android Pie
    Отпеана песна се блекбери одамна
     
  3. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Блекбери го пропушти возот - требаше да го имитира ајфонот многу порано.
     
  4. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    848
    Поени од трофеи:
    158
    Jaс сеуште стојам на зборот дека блекбери го здогледаа светот од премногу висока нога. На пример,зошто еден самсунг со крајно кичерајски телефони знае да биди попознат и попродавани производи да има? Затоа што има направено телефон за луѓе од секаков тип; од новороденчиња до старци со едната нога вгроб.Блекбери меил та блекбери маил,како да го откриле тие емаилот е па не пали тоа кај народот, се знае што бара пикселчињ,тачови фенси камери...

    Криво ми е за овој бренд на телефони,го користам и можам да кажам дека хардверски се доста добри телефони,одличен дизајн,одлична мрежа држат,само оперативниот систем бе...спреман за смартфон ама стварно како ограбена продавница е:) А сега дека ќе се фокусираат на “бизнис заедницата“ е баш ќе распродаат милиони парчиња не ќе можат да постигнат со производство. Ќе испаднат ни чуена ни позната компанија која ќе работи за одредена маса на луѓе.
     

Сподели преку: